Кина воведе царини за европските алкохолни пијалаци

Сподели со своите пријатели

Кина воведе привремени царини за увоз на алкохолни пијалоци од ЕУ, заклучувајќи дека нивните нереално ниски продажни цени може да им наштетат на домашните производители.

Loading...

На почетокот на годината Кина отвори истрага за можен дампинг од Европската унија, заклучувајќи дека здружението на домашните производители приложило „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски од трошоците за производство.

Истрагата го опфати периодот од октомври 2022 година до септември 2023 година и штетите во кинескиот сектор за производство на алкохолни пијалоци од 2019 до 2023 година.

Европските дестилерии продаваа алкохолни пијалоци со попуст од 30,6 до 39 отсто, објави Министерството.

Здружението на производители на коњак BNIC во јануари тврдеше дека попустот изнесува 15,88 проценти и дека е „особено скромен во споредба со она што е општо прифатено како основа за антидампинг истрага“.

Во јули компаниите зад брендовите Martell, во сопственост на Pernod Ricard, и Remy Martin, во сопственост на Remy Cointreau и Hennessy, во сопственост на LVMH, добиле, според неименуван извор, покана да учествуваат во истрагата.

Производителите побараа да се слушне нивниот глас и тие ќе одат на состанокот, изјави тогаш преку електронска пошта портпаролката на здружението БНИЦ, додавајќи дека планираат да соработуваат и во иднина.

„Одлуката за нашата судбина на крајот ќе биде донесена во политички преговори“, изјави тогаш неименуван извор, додавајќи дека производителите на коњак се „внимателно оптимисти“ пред разговорите меѓу претставниците на Пекинг и Брисел за трговските спорови.

Loading...

Во меѓувреме, ЕУ воведе дополнителни царини за кинеските електрични автомобили, а кинеското Министерство за трговија најави прелиминарни царини за увоз на европски автомобили.