Повеќе села и населби во Куманово утре во текот на денот привремено ќе бидат без електрична енергија.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи утре во период од 11:05 до 14:00 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од селата: К’шање, Клечовце, Кучкарево, Мургаш, Пезово, Довезенце, Скачковце, Зубовце, Косматац, Новосељане, Орашац, Јачинце, Градиште, Кокошиње, Кутлибег.
Прекини во истиот период ќе има и во дел од приградските населби Ајдучка Чешма, Перо Чичо и Тромеѓа.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски