24-годишник нападнат во трговски центар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Тинејџер и малолетник биле повикани на разговор во полиција под сомнение дека во трговски центар физички во Куманово нападнале 24-годишник.

Loading...

– На 07.10.2024 во 17.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.А.(45), а на службен разговор биле повикани Е.А. (18) и еден малолетник затоа што во трговски центар на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово физички го нападнале М.С. (24) од село Опае, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, додаваат од полицијата, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  13-годишно девојче од Пчиња пријавено за исчезнато