Времето утре ќе биде сончево и потопло со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10, а максималните од 20 до 26 степени целзиусови.
Во Куманово и околината ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и максимална температура од 21 степен целзиусов.
Под влијание на влажен бран, во петок и во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Пообилни врнежите ќе бидат во петок во вечерните часови, особено во западните и јужните делови и се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Во сабота дневната температура ќе опадне за 5 до 6 степени, а од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура.
Loading...