Пушењето тутун предизвикува зависност, ги оштетува сите органски системи во телото и го зголемува ризикот од повеќе од триесет болести.
Изложеноста на чад од тутун го загрозува и здравјето на непушачите, а особено му штети на здравјето на децата, пишува Ординација.хр.
Ефекти од прекин на пушењето
Ако одлучите да направите добро за вашето здравје и да се откажете од цигарите, еве што може да очекувате:
По 20 минути, пулсот и крвниот притисок почнуваат да опаѓаат
За 12 часа, нивото на јаглерод моноксид доаѓа во границите на нормалата
Во рок од 2 до 12 недели, циркулацијата на крвта ќе се подобри, што ќе го олесни одењето и трчањето
По една година, ризикот од срцев удар ќе биде двојно помал отколку кај пушачите
Во рок од 5 до 15 години, ризикот од мозочен удар станува ист како кај непушачите
По 15 години, ризикот од срцев удар станува ист како и кај луѓето кои никогаш не пушеле