ЖРК Куманово убедливо против ЖРК Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово викендов остварија убедлива победа против составот на ЖРК Гевгелија во Првата женска ракометна лига на Македонија.

Loading...

Кумановки мечот го решија уште во првото полувреме кога направија голема резултатска предност и на пауза заминаа со водство од 06:22.

Вториот дел од средбата беше релаксиран за некогашниот првак на Македонија, па шанса добија сите ракометарки и рутински впишаа нови бодови со конечен резултат од 20:37.

Со 13 поени во дресот на Куманово брилираше Сара Цветановска, а со девет во составот на Гевгелија најефикасна беше Елена Димова.

Следниот меч кумановки го играат против ЖРК Пелистер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца повредени при судир на „шкода“ и „мерцедес“ во Куманово

Никола Ивановски