40-годишници се тепале на булевар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Двајца четириестгодишници биле приведени викендов во Куманово откако со меѓусебна тепачка го нарушиле јавниот ред и мир.

Loading...

– На 05.10.2024 година во 03.45 часот полициски службеници од СВР Куманово ги привеле Т.Ј.(40) и Д.Д.(45) од Куманово, затоа што на булеварот “Трета македонска ударна бригада” го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од кумановската полиција, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски