Неделна прогноза за Куманово: Што не очекува за претстојниот продолжен викенд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 19 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 5 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 9 до максимални 24 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово поразен од РК Еурофарм Пелистер

Во среда ќе имаме променливо облачно време, со услови и за сонце и за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна ќе достигне 22 степени целзиусови.

Сончево и топло време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 12 до максимални 24 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Променливо облачно време ќе имаме во петок, кога ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната ќе достигне 24 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец учествувал во тепачка во затворот во Идризово

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се спушти до 9 степени, а дневниот максимум ќе достигне 21 степен целзиусов.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 22 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски