Израелската армија од 7 октомври 2023 година збришала 902 палестински семејства во Појасот Газа, соопшти Канцеларијата за медиуми на владата на Газа, пренесува Ал Џезира Балканс.
„Како дел од геноцидот што го изврши израелската окупаторска армија со целосна американска поддршка, 902 палестински семејства беа истребени, избришани од граѓанскиот регистар бидејќи сите нивни членови беа убиени“, објави Канцеларијата.
Во неверојатни бројки, Канцеларијата појасни дека израелската армија „истребила 1.364 палестински семејства оставајќи само едно лице по семејство, а на сличен начин збришала 3.472 палестински семејства, оставајќи само две лица по семејство“.
Континуирано крвопролевање
„Овие масакри се случуваат со учество на неколку европски и западни земји кои ги снабдуваат окупаторските сили со смртоносно и меѓународно забрането оружје, како што се Обединетото Кралство, Германија, Франција и други“, додаваат од Канцеларијата.
Тие ја повикаа „меѓународната заедница и сите меѓународни организации да извршат притисок врз американската администрација и криминалната окупација за да се запре геноцидот и да се запре континуираното крвопролевање“.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот, Израел го продолжува геноцидот во Газа што започна по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври. Оттогаш, повеќе од 41.600 луѓе, главно жени и деца, се убиени.
Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.