Вкупно 7,5 милиони евра ќе ја чинат државата првите еднопартиски избори од осамостојувањето на Република Македонија.
Финансискиот план на Државната изборна комисија и става на располагање вкупно 456,664 милиони денари, кои треба да бидат потрошени во насока на реализација на изборните активности. Вкупно 40 милиони денари ќе бидат наменети за очатење ливчиња, обрасци, записници и упатства. Вкупно 10 милиони денари се предвидени за транспорт, 9,2 за УВ-ламби, печати и перничиња, додека печатењето ќе однесе додатни 4 милиони денари.
Членовите на избирачките одбори во ДИК ќе „лапнат“ 25 милиони денари од колачот, а за транспорт на доверлив и недоверлив материјал ќе заминат 9 милиони денари. Дијаспората ќе чини исто така 25 милиони денари.
Од ДИК велат дека Буџетот е изгласан пред закажување на изборите, а колку пари ќе бидат потрошени не зависи од тоа колку политички партии ќе земат учество во изборниот процес.
Loading...