Неделна прогноза за Куманово: Дожд кон крајот на седмицата

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.)

Максималната температура ќе достигне од 13 до 22 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изгаснат пожарот во Длабочица, изгореа 50 хектари бор и даб

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 4 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 18 степени целзиусови.

Променливо облачно време ќе имаме и во среда, кога ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 24 степени целзиусови. Ноќта кон петок се очекуваат врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претреси во Скопје и Куманово, разбиена мрежа на дилери

 

Loading...

 

Облачно со врнежи од дожд ќе биде времето во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 21 степен целзиусов.

И во сабота ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец додека палел кабли. Инспекцијата и полицијата остануваат на терен!

 

 

Loading...

Следната работна недела носи претежно суво и топло време.

Никола Ивановски