Америка и нејзините сојузници повикаа на прекин на огнот во Либан и Израел

Сподели со своите пријатели

САД, ЕУ, Велика Британија и некои арапски земји повикаа на привремен прекин на огнот во Либан, а по ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Loading...

Се очекува властите во наредните часови да донесат одлука дали ќе го одобрат или не барањето на Западот.

Се предлага примирје кое би траело 21 ден, со цел да се обезбеди „простор за дипломатија“ и евентуално да се најде дипломатско решение за конфликтот и прекин на огнот во Газа.

Во заедничкото соопштение, блокот рече дека непријателствата се неприфатливи и истакна дека постои огромен ризик од ескалација во регионот, што не е во интерес на граѓаните на Израел и Либан.

Повикот за прекин на огнот дојде откако началникот на Генералштабот на Израел им кажа на војниците во средата дека широките воздушни напади во Либан насочени кон Хезболах би можеле да го отворат патот за „влегување на непријателска територија“.

Изјавите на генерал-полковник Халеви се најотворениот показател досега од официјален претставник дека можеби е неизбежна копнена инвазија на Либан.

Заедничкиот апел за прекин на огнот го потпишаа САД, Австралија, Канада, Европската унија, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство и Катар, по состанокот на светските лидери на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Во посебна заедничка изјава на американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон се вели дека е време за спогодба „која ќе обезбеди сигурност и безбедност за да им овозможи на цивилите да се вратат во своите домови“.

Loading...

„Сегашните непријателства се закануваат со многу поширок конфликт и им штетат на цивилите“, велат тие.

Неименуван американски функционер рече дека одлуката на Хезболах и Израел се очекува во наредните часови.

Тој рече дека повикот на САД, Европската унија и неколку арапски држави за прекин на огнот во Либан е „важен чекор напред“.

„Ова е важен развој на либанската страна, со оглед на сè што се случува таму“, рече претставникот.

„Се очекува Либан и Израел во рок од неколку часа да одлучат дали ќе го прифатат ова“, рече друг американски функционер, додавајќи: „Го имавме овој разговор со страните и сметавме дека ова е вистинското време“.