Четири наслови неделава ќе бидат промовирани во Центарот за култура

Сподели со своите пријатели

Книгите „Елегична по тебе“ и „Моите митарства“ од Даница Петровска утревечер ќе бидат промовирани во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Промоцијата ќе започне во 19 часот, а промотори ќе бидат Иван Котев и Давор Крстевски.

 

f11122d5-680a-4ab8-b27d-6bd6ee920173

 

Во четврток пак во фоајето на Центарот за култура ќе има промоција на „Холограмска парадигма“ од Јасминка Наумовска, како и делото „Засолниште на имагинацијата“ од Горан Стевчевски Џина. Промоцијата ќе започне во 20 часот.