Трамп најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател и кандидат за претседател на Републиканската партија, Доналд Трамп изјави дека најверојатно ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела.

Loading...

„Веројатно, да“, одговори Трамп на прашањето дали ќе се сретне со Зеленски, кој следната недела ќе ги посети САД.

Трамп сепак не кажа кога и каде би можело да се одржи средбата, пишува ТАСС.

Координаторот на американскиот Совет за безбедност за стратешки комуникации, Џон Кирби, не ја потврди информацијата дека Зеленски ќе се сретне со актуелниот американски претседател Џозеф Бајден на маргините на главната дебата на Генералното собрание на ОН, која ќе трае од 24 септември до 30.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американската централна банка ја намали каматната стапка за прв пат по четири години

Повикувајќи се на неименувани извори, агенцијата „Блумберг“ објави дека Зеленски може да се сретне и со потпретседателот на САД и претседателски кандидат на Демократската партија, Камала Харис, пренесува Срна.