Работник паднал од објект на „Трета МУБ“ и итно пренесен на трауматологија во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишниот И.С. вчера работејќи на објект лоциран на булеварот „Трета Македонска Урадна Бригада“ паднал од објектот со што се здобил со сериозни телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Околу 17:45 со возило на Итната медицинска помош поради сериозните повреди кои биле опасни по живот веднаш бил пренесен на Одделението за трауматологија на скопскиот Ургентен центар.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Loading...