Украинската армија собори моќен руски борбен авион Су-30М за време на операција во Црното Море, соопшти денеска украинската воена разузнавачка агенција ХУР.
Објавена е и видео снимка од авионската несреќа.
Според се уште непотврдени информации, тоа е изведено со рачен фрлач на противвоздушна ракета.
Авион вреден 50 милиони долари
Станува збор за еден од помодерните руски борбени авиони чија цена е околу 50 милиони американски долари.
Авионот кој се урна во морето му припаѓа на 43-от посебен полк на поморската авијација на руските вооружени сили, кој се наоѓа на аеродромот во градот Сака на окупираниот Крим.
Русите изгубиле контакт со авионот вчера околу 5 часот наутро.
Околу три часа подоцна тие започнала операција за пребарување и спасување во која биле вклучени авионите Ан-26, како и хеликоптерите Ми-8 и Ка-27, објавија украински извори.
Околу седум часа подоцна, тие ја известиле командата за карактеристична дамка од воздухопловно гориво откриена во морето, на 70 километри северозападно од Кејп Тарканкут, а наскоро ги виделе и остатоците од уништениот Су-30СМ, велат Украинците.