Евакуација поради пожарите во јужна Калифорнија

Сподели со своите пријатели

Шумските пожари, кои го зафатија јужниот дел на Калифорнија, принудија илјадници луѓе да се евакуираат од предградијата источно од Лос Анџелес, јавува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Loading...

Неколку домови изгореа во селото Рајтвуд, а блиското скијачко одморалиште Mountain High беше зафатено во пламен, бидејќи пожарот на мостот во округот Сан Бернардино се прошири на повеќе од 19.000 хектари.

Пожарите во окрузите Оринџ и Риверсајд уништија десетици домови во селото Ел Карисо и Кањонот Декер, соопштија властите.

Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба и рече дека обезбедил федерално финансирање за гаснење на пожарите.

Се наведува дека се повредени десет лица.

Уапсен е човекот кој го подметнал пожарот

Полицијата уапси маж осомничен за подметнување на еден од трите шумски пожари во Калифорнија, кои изгореа 13.800 хектари.

Површината изгорена земја во Калифорнија оваа година е веќе двојно поголема од 2023 година, кога имаше повеќе влага, покажуваат податоците на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

САД се соочуваат со тешка година за пожари со 2,8 милиони хектари изгорени до денес, во споредба со годишниот просек од околу 2,85 милиони хектари во изминатата деценија, според Националниот меѓуагенциски центар за пожари.

Loading...