Иран се заканува: Ќе одговориме на новите санкции и непријателската политика на Западот

Сподели со своите пријатели

Иран се закани дека ќе преземе „мерки“ како одговор на новите санкции што ги најавија Велика Британија, Германија и Франција против Техеран, негирајќи ги тврдењата дека и доставувал балистички ракети на Русија за да ја нападне Украина.

Loading...

„Оваа акција на трите европски земји е продолжување на непријателската политика на Западот и економскиот тероризам против иранскиот народ“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канани.

Тој додаде дека „Исламската Република Иран ќе одговори на соодветен и пропорционален начин“, без да прецизира за кои „мерки“ станува збор.

Канани уште еднаш ги отфрли тврдењата дека Иран и испорачувал оружје на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Собрани над 700.000 потписи за номинација на Лукашенко за претседател