Лидерка на опозицијата: Останувам во Венецуела, ќе ја следам борбата против Мадуро

Сподели со своите пријатели

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Марија Корина Мачадо, им порача на своите поддржувачи дека останува во земјата за да ја „следи борбата“ против владата на претседателот Николас Мадуро, откако Едмундо Гонзалес Урутија, нејзиниот сојузник и конкурент на Мадуро на последните избори, отиде во егзил во Шпанија.

Loading...

„Решив да останам во Венецуела и да ја поддржам борбата од тука, додека тој (Гонзалес Урутија) ја води однадвор“, рече Мачадо преку видео.

Таа се крие од властите на Мадуро од 28 јули, кога беа објавени спорните резултати од претседателските избори, кои не ги признава венецуелската опозиција, САД, земјите од Европската унија и некои земји од Латинска Америка.

Опозицијата тврди, врз основа на записите од избирачките места, дека поранешниот амбасадор Гонзалес Урути (75) победил убедливо на изборите, додека изборната комисија и Уставниот суд, институции лојални на владата на Мадуро, го прогласиле Мадуро за претседател иако властите никогаш не ги објави деталните резултати од гласањето по изборни единици.

Мачадо рече дека не знаела дали Гонзалес Урутија што оди во Шпанија „може да го зголеми ризикот“ за неа.

„Сите знаеме дека Едмундо Гонзалес Урутија е избран претседател на Венецуела. И тоа ќе остане, без разлика дали е во Венецуела или некаде на друго место во светот“, рече таа, додавајќи дека фактот што Гонзалес Урутија повеќе не е во земјата „не менува апсолутно ништо: легитимитетот се одржува, стратегијата е иста“.

Многу Венецуелци изразуваат очај на социјалните мрежи по неговото заминување во Шпанија минатата недела.

Во писмото објавено на интернет, Гонзалес Урутија тврди дека заминал за да дозволи „работите да се променат и да изгради нова сцена за Венецуела“.

Loading...

„Оваа одлука е гест што подава рака на сите. Само политика на дијалог може да ни овозможи да се сретнеме како сонародници“, напиша тој.

Пред да замине за Шпанија, Гонзалес Урутија игнорираше три покани од обвинителството, сметајќи дека неговото појавување може да го чини слобода.

По него беше распишана потерница на 2 септември, а обвинителството отвори истрага за „непочитување на законот“, „заговор“, „узурпација на функции“ и „саботажа“, во врска со оспорување на победата на Мадуро и големите протести што избувнаа по изборите.

Демонстрациите беа задушени, со бројни човечки жртви.