Палестина за прв пат зазеде официјално место на седницата на Генералното собрание на ОН

Сподели со своите пријатели

Палестина за прв пат зазеде официјално место меѓу членките на ОН на отворањето на Генералното собрание, а дипломати во име на Државата Палестина седнаа меѓу мисиите на Шри Ланка и Судан, пишува денеска Arab News.

Loading...

На вчерашното отворање на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН, светските дипломати со аплауз го поздравија присуството на своите палестински колеги, додека египетската делегација го окарактеризира како „историски момент“.

Палестинците досега седеа како набљудувачи на седниците на Генералното собрание на ОН и беа поставени зад дипломатите на земјите-членки.

Во мај беше усвоена резолуција на ОН со која се признава дека Палестина ги исполнува условите за членство и од Советот за безбедност беше побарано да го преиспита приемот на таа држава во полноправно членство, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Америка е подготвена да ја окупира Газа и да ја претвори во „блискоисточна ривиера“

На Палестина ѝ беа доделени дополнителни права во ОН, вклучително и правото да воведува предлози и точки од дневниот ред и да учествува во комитетите, но не и беше дадено право на глас.