Ова е т.н. Патот на коските кој се протега низ Русија и има мрачна историја. Го граделе заробеници на некогашните работни логори.
Мрачната историја на ова место ја овековечил некогашниот затвореник и писател Варлам Шаламов во делото „Приказни од Колима“.
Опишува како преживувале заробениците во најтешки можни услови. Работеле надвор и кога температурите паѓале под -50 степени целзиусови, првенствено копајќи железна руда, па дури и радиоактивен ураниум.
Една од најтешките работи била миењето злато. Работниците го миеле златото во вода, дури и на најстуденото време. Не добивале доволно храна, немале адекватна облека, а нивните ракавици, ако воопшто ги имале, не биле никогаш суви.
Непрекинато се здобивале со смрзнатини и страдале од низа болести, меѓу другото и од туберкулоза за која не добивале лекување.
За да се олесни пристапот до рудниците, затворениците морале да ја изградат и потребната инфраструктура, вклучувајќи патишта и пруга до овие предели.
Изградиле пат од околу три иљади километри, а притоа се проценува дека загинале меѓу 250.000 и еден милион затвореници во период од 20 години, колку што се градел патот.
Наводно сите тие жртви биле закопани под патот и оттаму доаѓа и неговото име „Патот на коските“.
Со оглед дека патот минувал низ предел на вечен мраз попкратично било да ги закопаат на патот отколку да копаат дупки низ мразот.