Денот на независноста одбележан на Спомен Костурница (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На Спомен Костурница во Куманово денеска со положување свежо цвеќе беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија.

Loading...

 

 

Политички партии, невладини организации, здруженија на граѓани, училишта, претставници од Здружението на борци на НОБ и граѓани денеска положија свежо цвеќе.

 

 

Loading...

Свое обраќање пред присутните имаше претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

Како што истакна Ѓорѓиевска, и по 33 години незадоволни сме со здравството, со образованието се експериментира, стопанството стагнира, а правосудство како да немаме.

– Луѓето ни се иселија, постојано не снемува. Како така наопаку се свртија работите? Со децении секоједневно се соочуваме со опструкции од нашите соседи по различни основи, национална, јазична, територијална, верска, а колку се цениме самите себе си толку ќе не ценат и другите. Да не дозволиме да бидеме срам за нашите предци, заборавни од нашите потомци, затоа што каков живот ќе живееме и каква држава ќе имаме зависи од нас, рече Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Наутро студено, попладне пријатно време

 

 

Единствен страв, како што потенцираше таа, треба да ни бидат внатрешните непријатели, а тоа се корупција, неказнивост и премногу голема етничка поделеност.

– Законите да важат за сите, а не да се толкуваат од сите. Сами свој план за развој да направиме, брзината смаи да си ја поставиме, секоја можност да ја грабнеме и свои на свои да бидеме. Виновниците да не ги бараме надвор, туку внатре меѓу нас. Да разговараме, да се слушаме и планираме, во спротивно колку и да си ја сакаме Македонија допрва ќе пееме печалбарски и носталгични песни, децата ќе си ги гледаме виртуелно, а со внуците ќе зборуваме на туѓ јазик, рече таа.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец баран за издржување затворска казна

 

 

Ѓорѓиевска рече дека оваа генерација на политичари ќе биде најодговорна за иднината на Македонија.

 

 

Химната на Република Македонија на денешното одбележување на празникот ја изведе оперскиот пејач Влатко Грујоски.

Loading...

 

Никола Ивановски