„Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет“, порача денеска во својата честитка по повод Денот на независноста на Македонија, претседателот на ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
Неговата честитка интегрално ви ја пренесуваме во продолжение:
„Со должна почит денеска ја одбележуваме 33-годишнината од осамостојување на независна и суверена Република Македонија, како остварување на трудот и пожртвуваноста на многу генерации.
Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас. Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и
општо добро на секој од нас.
Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет. Да бидеме лидери во економски развој, да имплементираме квалитетни проекти за подобар живот на граѓаните, со цел обезбедување сигурна иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија“, стои во честитката на Димитриевски.