Денот на независноста на Македонија утре ќе се одбележи со пригодна културно-уметничка програма и во Куманово.
Loading...
Како што информираат од Фондацијата за култура и спорт, кои се организатори на настанот, со почеток во 10 часот на Спомен Костурница ќе се положи свежо цвеќе, по што ќе следува културно-уметничка програма.
Од Фондацијата не откриваат повеќе детали, но ги повикуваат граѓаните да бидат дел од манифестацијата.
Никола Ивановски