Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека украл пари од седумдесет и четиригодишен сограѓанин.
Loading...
– На 05.09.2024 во 09.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б. (28) од Куманово. Тој се сомничи дека на 03.09.2024 од М.Ф.(74) одзел пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и, како што додаваат од кумановската полиција, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски