Околу 300 метри под земјата, во близина на босанскиот град Коњица, се крие бункерот на Јосип Броз Тито.
Некогашниот претседател на Југославија наредил во најголема тајност да се зигради бункер за случај на нуклеарна катастрофа за своето семејство и 350 најважни политички и воени соработници.
Воениот објект е граден под велот на тајноста дури 26 години помеѓу 1953 и 1979 година во време на Студената војна, а опремен со најсовремена технологија на тие времиња.
И денес тука може да се видат фиксни телефони, машини за пишување и друга позната апарататура за комуникација од средината на минатиот век.
Бункерот се простира на 6.854 квадратни метри и се состои од три дела.
Во првиот дел се наоѓа надзорна резиденција, место за техничка поддршка и потесена безбедност.
Потоа следат метални врата со дебелина од 1,20 метри и тунел кој води до центарот на атомското засолниште, кое може да издржи удар од 20 килотони.
Третиот дел се состои од противпожарниот систем, клима, простор за комуникација, складиште за вода и нафта и слично, како и стамбен простор за Тито и Јованка.
Температурата во бункерот е измеѓу 21 и 23 степени целзиусови, а влажноста на воздухот е од 60% до 70%, што претставува идеални услови за живот. Целиот простор е осветен со 6.000 неонски сијалици.
Денес овој бункер има улога за редок уметнички музеј за разни уметници од целиот свет, но претставува и потсетник за времето во кое имало закани со нуклеарна војна и тоа било секојдневие.