Кај тројца кумановци пронајдени 12 таблети амфетамин

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И. (24), Д.Ј. (29), Д.В. (27) и С.Т. (24) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, на 17.03.2016 година во Куманово на ул. „Веселин Маслеша“ полициски службеници ги забележале пријавените како држеле 12 таблети „амфетамин“ и при извршен преглед на улицата пронајдена е кеса во која се наоѓале таблетите.