Русија утринава изврши нов напад врз Украина, користејќи ракети и дронови, а цел биле регионите Киев, Запорожје, Херсон и Кривји Рих, јавуваат украинските медиуми.
Според досегашните информации, во нападите загинале три лица.
Во ракетниот напад на Кривји Рих загинаа две лица, оштетени се куќи, продавници и возила, изјави шефот на воената управа на Кривји Рих Јевхен Ситниченко, пренесува Укринформ.
Интерфакс Украина пренесува дека регионалните власти соопштиле дека во нападот на Запорожје едно лице загинало, а две се ранети.
Експлозии се слушнале и во регионот Хмелницки, а врз западните региони биле истрелани три хиперсонични ракети Кинжал, пренесува Униан.
Русија изврши масовен напад врз Украина со ракети и беспилотни летала ноќта меѓу неделата и понеделникот и во понеделник наутро, при што истрела 127 проектили и 109 беспилотни летала.
Во тие напади загинаа седум лица, а 47 беа повредени
Оштетени се објекти од енергетската инфраструктура, јавува Танјуг.