Дали би можеле да ја помериме Земјата од нејзината орбита, ако сите осум милијарди жители би скокнале во исто време?
На тоа прашање одговор дале астрофизичарот Паул Сатер од Универзитетот во Охајо и Марк Бослов од лабалаторијата во Сандија.
Тие претпоставиле дека сите луѓе би требало да бидат соберени на едно место, за да знаат кога би требало да скокнат истовремено. По претпоставка дека сите би се вратиле на нозе во исто време, заедничкиот урад би ослободил огромно количество на енергија.
Дел од таа енергија би била апсорбирана од обувките, но останатиот дел би завршил во воздухот или на тлото. Ударот би бил бучен како најсилната грмотевица и би имал околу 200 децибели што е доволно да пробие ушни тупачнчиња.
Во исто време би почуствувале тресење на тлото. Скокот би покренал и земјотрес со магнитуда измеѓу четири и осум степени, а во зависност од тоа колку од ударот би бил апсорбиран од обувките, а колку од тлото.
Земјотрес со магнитуда четири не би предизвикал поголеми последици, а со осум би ги срамнил со земја, особено послабите градби, далекуводите, би ги искривил пругите и би срушил и некои мостови. Покрај тоа, ударот би предизвикал и цунами високо над 30 метри.
Иако ова сценарио звучи апокалиптично, се однесува само на областа на Земјата на која би се наоѓале скокачите. Останатиот дел не би почуствувал никакви промени, а Земјата би продолжила со своето патување околу Сонцето.