Вкупно 120 интервенции од кои 5 посериозни и транспортирани до Општа Болница Куманово извршиле осумте екипи за прва помошт при Општинската организација на Црвени Крст – Куманово.
Нивното интервенирање се состоеше со 25 волонтери распоредени во осум тима, а сите придружувани од лекари, проефсори и медицински сестри од ОСТУ „Наце Буѓони“ од медицинската струка.
Учеството на ваква манифестација беше предизвик но и одговорност за екипите, кои ја вршеа својата должност професионално и одговараа на сите потреби на натпреварувачите – велат од ОО на Црвен Крст – Куманово.
Инаку овогодинешното издание на „Гимназијада“ се одржуваше од 5ти до 7ми овој месец низ спортските сали и објекти низ целиот град, каде учество зедоа над 1000 средношколци од целата држава.