Исчезната кумановчанка пронајдена мртва

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишна П.Д. од Куманово вчера околу 18 часот била пронајдена мртва во куќа лоцирана на улицата „Иван Милутиновиќ“ каде живеела под кирија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош за жал можела само да биде констатирана смрт. На телото на починатата немало траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Инаку, сега починатата претходно била пријавена за исчезната.