Летото на северната хемисфера, вклучително и Македонија, може да трае скоро шест месеци до крајот на векот, ако човештвото не преземе мерки за ублажување на климатските промени, според една студија.
Тоа може да има значително влијание врз земјоделството, здравјето на луѓето и животната средина.
Резултатите покажале дека во текот на годините, должината на летото се зголемила во просек од 78 на 95 дена, додека зимскиот период се намалил од 76 на 73 дена. Бројот на пролетните денови паднале од 124 на 115, а бројот на есенските денови од 87 на 82.
Соодветно на тоа, пролетта и летото доаѓаат порано, есента и зимата подоцна. Медитеранскиот регион и тибетското плато забележале најмногу промени во циклусот на годишните времиња.
Според истражувачите, без напори за ублажување на климатските промени, зимата ќе трае помалку од два месеци до 2100 година, а должината на преодните пролетни и есенски периоди ќе продолжи да се намалува.
Бројни студии веќе покажаа дека промените во должината и почетокот на годишните времиња претставуваат значителни ризици за животната средина и здравјето.
Промените во годишните времиња исто така можат да имаат сериозно влијание врз земјоделството, особено ако лажните рани пролети и доцните снежни бури ги уништат растенијата.
Поради продолжениот период на вегетација, луѓето ќе вдишат повеќе полен што предизвикува алергени, а комарците што шират болести можат да се повлечат на север.
Жешките и долгите лета можат да бидат придружени со поредовни и поинтензивни топлотни бранови, како и шумски пожари. Потоплите и пократки зими можат да предизвикаат варијабилност што може да доведе до студени бранови и зимски бури.