Четириесет и осумгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека фалсификувал лиценца за вршење меѓународен превоз на патници.
– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за корупција, до Основното јавно обивнителство Куманово, поднесе кривична пријава против Ф.Н.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по член 378 од Кривичниот Законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР; пријавениот Ф.Н., сопственик и управител на друштво за трговија и туризам од Куманово, во текот на јуни 2024 направил лажна исправа – Извод од лиценца за вршење меѓународен превоз на патници за сопствени потреби во која внел невистинити податоци.
– Лиценцата за меѓународен превоз му истекла на 24.06.2024 и за да не ја пропушти предвидената тура на релација Скопје – Кушадаци на компјутер ја променил годината на важност на Изводот од лиценцата од 2024 во 2025 година и ја ставил во документацијата на автобусот, додаваат од полицијата.
На 26.07.2024 на Граничен премин Деве Баир, како што додава МВР, возачот ја приложил лиценцата на увид и притоа полициските службеници констатирале дека е фалсификувана.
Никола Ивановски