Доаѓа ли крајот на Google каков што го знаеме? По историската пресуда дека компанијата има монопол на пазарот за пребарување на интернет, се поставува прашањето каква ќе биде казната за компанијата.
А таа казна може да биде радикална и нејзините последици да бидат далекусежни за целиот пазар за пребарување, како и за мобилниот пазар.
Во моментов се уште не се знае каква ќе биде казната, но медиумите веќе шпекулираат за најлошите можни, но и реални исходи за Google. А еден од тие потенцијални исходи е – распадот на Google, односно одвојување на некои одделенија од компанијата.
Меѓу адвокатите на американското Министерство за правда, најмногу се дискутираше за потенцијалното одвојување на Android од Google.
Тој е најпопуларниот мобилен оперативен систем во светот инсталиран на бројни уреди.
Јасно е дека губењето на контролата над Андроид, односно потенцијалната продажба на тој оперативен систем, би било голем удар за компанијата и нејзиниот бизнис.
Андроид е само една потенцијална поделба за која американското правосудство би можело да бара да се одвои од Google, а медиумите го споменуваат и Chrome, како и рекламната платформа AdWords.
Иако ова се најрадикалните потенцијални казни, адвокатите на Министерството за правда размислуваат и за полесни казни.
Меѓу другото, се споменува дека Google би можел да споделува податоци со конкурентни пребарувачи како што се Bing на Microsoft или DuckDuckGo и би можел да воведе одредени ограничувања на производите со вештачка интелигенција за да ги спречи да добијат нефер предност.
На пример тие би можеле да му забранат на Google да бара од други компании да пристапат до нивната содржина, а тие за возврат ќе им дозволат да се појавуваат во резултатите од пребарувањето.
Која ќе биде конечната одлука, односно каква ќе биде судбината на Google ќе покаже времето.
Целиот процес би можел да се развлече и да трае долго, а Google веќе најави жалба на претходната одлука поврзана со монополот.
Како главна причина за одлуката за монопол се наведуваат милијарди долари исплати на Google на компании како Apple, Samsung и AT&T.
Google плати големи суми за да го направи нивниот пребарувач стандарден на iPhone и другите телефони, што им даде неправедна предност во однос на нивните конкуренти, т.е. постигнаа монопол на пазарот.