Германија во дилема: Дали треба да се објавува националноста на криминалците?

Сподели со своите пријатели

Во Германија е зголемен бројот на кривични дела насилство, силување, кражби и провали.

Loading...

Бројот на регистрирани кривични дела лани достигна рекордно ниво.

Стапката на криминал особено се зголемила кај лицата без германско државјанство, за 13,5 отсто.

Сето ова предизвика загриженост и поттикна политички дебати, во кои се поставуваше прашањето дали полицијата – секогаш – треба да ја наведува националноста на осомничените.

Биѓан Ѓир-Сарај, генерален секретар на ФДП, која е дел од владејачката коалиција, смета дека тоа треба да го направи полицијата.

Во изјава за весникот Билд ам Зонтаг, тој рече:

„Властите во иднина секогаш треба да ја наведуваат националноста на осомничените за криминал за да се обезбеди потребната транспарентност“. Не смее да се создава впечаток дека проблемите се прикриваат“.

Политичките реакции на овој предлог беа поделени.

Loading...

Џир-Сарај ја доби поддршката од неговата партија, ФДП, како и од конзервативната опозиција од ЦДУ и ЦСУ.

Конзервативците веруваат дека прецизирањето на националноста на осомничените ќе обезбеди „транспарентност и кредибилитет“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Јужна Африка: Мртви и изгладнети мажи извлечени од рудник (ВИДЕО)

Десничарската партија АфД смета дека предлогот не оди доволно далеку и бара информации дали осомничените се лица со германско државјанство, но со странско потекло.

СПД и Зелените остро се спротивставуваат на предлогот Ѓир-Сарај и сакаат да се задржат постојните регулативи.

Жестоки дискусии на оваа тема

За ова прашање интензивно се разговара во Германија, што не го изненадува адвокатот и криминолог од Универзитетот во Минстер, Кристијан Валбург.

Во интервју за ДВ, тој вели:

„Десните актери одамна сфатија дека криминалот, како ниедна друга тема, предизвикува поттикнување аверзии, стравови, грижи и предрасуди“.

Полицијата и судските тела во 16 федерални провинции се одговорни за донесување одлука за одредување на националноста на осомничените.

Loading...

Тие одлучуваат во кои случаи да ја наведат националноста на осомничените и тие информации да ги проследат до медиумите.

Според криминологот Валбург „државјанството веќе се споменува во многу посериозни случаи и кривични дела. А кога има врска со бегалците, цела Германија дискутира за тоа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја повлече блокадата на WhatsApp и Google Play

Така беше, на пример, на крајот на 2015 година кога жени и девојки во близина на главната железничка станица во Келн беа жртви на сексуални напади.

По првичното воздржување, медиумите објавија и за националноста на осомничените.

Многумина од нив беа од Северна Африка и не беа германски државјани.

Новинарскиот кодекс како упатство

Повеќето канцеларии за односи со јавноста на судските и полициските тела се водат според кодексот на германскиот совет за печат.

Се вели дека националноста генерално не треба да игра улога во известувањето, освен ако не постои „легитимен јавен интерес“ за потеклото на осомничените.

Наведувањето на националноста не смее да доведе до „генерализација на поединечно недолично однесување“.

Loading...

Иницијативите за заштита на бегалците, Амнести интернешенел и новинарските здруженија стравуваат дека наведувањето на националноста во сите случаи може да ги зајакне предрасудите, да поттикне стравови и расизам.

Хенрик Зорнер од Здружението на германските новинари за ДВ вели дека полицијата „е институцијата која одлучува што може, а што не може да се пријави“. Тој додава:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експертите очекуваат глобалната инфлација да остане висока до 2028 година

„Не го поддржуваме овој предлог. Постои опасност прекумерно да се користи укажувањето на националноста или етничкото потекло на осомничените, што може да ја загрози заштитата на малцинствата загарантирана со германскиот новинарски кодекс“.

И Северна Рајна-Вестфалија сака да воведе ознака за националност

Одредени сојузни држави отсекогаш извесно време ја специфицирале националноста на осомничените.

И најнаселената покраина Северна Рајна-Вестфалија (NRW) сака да го практикува ова во иднина.

Покраинското Министерство за внатрешни работи изјави дека сака да обезбеди транспарентност.

Loading...

Криминологот Кристијан Валбург стравува од „дискриминаторски нуспојави“, но наведува и една предност:

„Тоа значи одредено олеснување за полицијата, ако едноставно ја спомене националноста на осомничените во секоја изјава за медиумите“.

Во неколку други федерални провинции, претходно прилично воздржаната практика во врска со укажувањето на националноста во моментов се разгледува.

Сè уште не е познато дали новите правила од NRW и предлогот на политичарот на ФДП Џир-Сарај ќе се прошират и во другите провинции.

Секоја сојузна држава за тоа одлучува самостојно, пренесува ДВ.

Loading...