Турција: Автобус удри во столб, најмалку девет лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку девет лица загинаа, а 26 се повредени откако автобус удри во столб на мост во областа Полатсли, во близина на турската престолнина Анкара.

Loading...

Како што јавува Анадолија, возачот на автобусот кој сообраќал на релација Измир-Агри изгубил контрола над возилото, по што автобусот излегол од патот и удрил во столб на мостот.

Гувернерот на Анкара Васип Шахин потврди дека според првичните информации во несреќата загинале девет лица, а 26 се повредени.

Пожарникарите и спасувачките служби излегле на терен и успеале да ги спасат заглавените во автобусот, кои биле префрлени во блиските болници.