Британски лекар исчезна во Франција: Ни испрати порака дека не може да се движи

Сподели со своите пријатели

Семејството на пензионираниот британски лекар кој исчезна на француските Пиринеи упати итен апел до јавноста.

Loading...

Том Доерти (67) кампувал и пешачел во близина на Кол д’Ескот, кога неговото семејство изгубило контакт со него во вторникот вечерта, веднаш откако испратил порака дека паднал и не може да се движи.

Во тек е потрага со помош на кучиња и хеликоптер.

Неговата ќерка Рејчел Доерти потврди дека при претресот биле пронајдени неговиот шатор и автомобилот.

Семејството изјавило дека последен пат се слушнале со Доерти во вторникот нешто по 19 часот преку WhatsApp.

Откако се пензионирал, поголемиот дел од своето време го поминал во Франција

Им испратил порака во која бара помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калифорнија: 18-метарски бранови, пристаништето се урна, луѓето извлечени во морето (ВИДЕО)

„Ни испрати неколку слики од пејзажот, а потоа во вторникот попладне ни испрати една на која се гледаат облаци над врвот на планината. Му рековме да биде внимателен и го повикавме да слезе. Последен пат се слушнавме со него во вторникот. Ни кажа дека паднал и не може да се помрдне, тоа е се што знаеме, многу сме загрижени.

Сопругата на Доерти и една од неговите четири ќерки веќе пристигнаа на местото за пребарување.

Loading...

Рејчел Доерти исто така оди во Франција за да се приклучи на потрагата.

Според неговото семејство, пензионираниот лекар бил почитуван консултант за тропска медицина кој работел низ целиот свет и бил специјализиран за маларија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Чолаку по првата седница: Романија има функционална влада, веќе се забележуваат позитивни ефекти

Откако се пензионирал пред речиси десет години, поголемиот дел од времето го поминува во Франција, пишува Гардијан.