Кумановка барана со потерница, приведена на издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Четириест и тригодишна кумановка, по која била распишана централна потерница, била приведена за издржување затворска казна.

Loading...

– На 08.08.2024 во 09.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја привеле Е.П.(43) од Куманово, која била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат оттаму, Е.П. била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Никола Ивановски