Кумановец избоден со нож во центарот на градот

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец е приведен под сомнение дека со остар предмет нанел убодни рани на свој сограѓанин.

Loading...

– На 08.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ј.(32) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека околу 03.00 во дворот од неговиот дом на улица „Народна револуција“ во Куманово, по претходна расправија и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово.

– С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош., В.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски