Велосипедски круг во чест на загинатите полицајци во Диво насеље

Сподели со своите пријатели

Велосипедски круг ќе биде организиран утре во чест на полициските службеници кои на 9-ти мај минатата година ги загубија своите животи во терористичкиот напад кој се случи во Диво насеље.

Од Куманово ќе се вози до Гостивар каде ќе биде посетен гробот на Ненад Мршута. Поаѓањето во Куманово ќе биде на бензинаската пумпа лоцирана на излезот од градот и тоа во 5:30 часот, а подоцна кружејќи низ останатите градови организаторите ги повикуваат сите граѓани на Република Македонија да им се придружуваат.

Збирното место во Скопје ќе биде пред мостот во Сингилич во 8:30 часот, во Тетотво пред трговскиот центар Palma Mall во 13:30 часот, а во гостивар на влезот од градот кај клучката за Зубовце во 16 часот.