Приведен кумановец кој рентал автомобил, па не го вратил

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека не го вратил во договорено време рентаното возило.

Loading...

– На 05.08.2024 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Л.(36) од Куманово, информираатод Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на 20.07.2024 од рент а кар компанија во Скопје изнајмил патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки и не го вратил во договореното време.

– Ј.Л е задржан во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски