Русија почна да го снабдува Иран со напредна опрема за противвоздушна одбрана и радари, откако Техеран го побара оружјето од Кремљ, пишува Њујорк Тајмс, цитирајќи ирански официјални претставници.
Loading...
Локалните ирански медиуми објавија дека Иран ја побарал опремата, а член на Иранската револуционерна гарда и друг официјален претставник потврдиле за Њујорк Тајмс дека „не само што е поднесено барањето, туку и испораките се започнати“, пишува The Times of Israel.
Како што е наведено, испораката уследи по атентатот на политичкиот лидер на палестинската милитантна група Хамас, Исмаил Ханије минатата среда во Техеран.
Хамас и Иран го обвинија Израел за нападот и најавија одмазда, пренесува Танјуг.