Американка преживеала 40 дена во џунгла врзана за дрво: Таму ја оставил бившиот сопруг

Сподели со своите пријатели

Шокантен случај на пресметка меѓу поранешните сопружници се случил во Индија.

Loading...

Индиец ја врзал својата поранешна сопруга со синџири за дрво во тамошната џунгла, осудувајќи ја на бавна смрт.

После 40 дена нејзините повици за среќа ги слушнал овчар кој повикал помош.

Лекарите и полицијата минатата сабота ја пронашле 50-годишната жена целосно исцрпена и дехидрирана во близина на селото Сонурли во централниот дел на земјата.

Таа морала да преживее без храна во текот на целото заробеништво, а вода добивала само благодарение на дождовите.

Според Lokmat Times, таа едвај можела да зборува.

Подоцна успеала да им каже на лекарите дека нејзиниот поранешен сопруг ја влечел на местото на настанот по расправија, кога и вбризгал инјекција и и ја врзал ногата за дрво.

Спасувачите го пресекле ланецот со брусилка.

Loading...

Десната нога на жената, за која била прикачена, била многу отечена.

Во многу лоша состојба завршила во болница каде лекарите и ја пружиле сета потребна нега.

Според последните информации, пациентката повеќе не е во животна опасност и е подобро, но страда од психички проблеми.

Жената е родена во САД и има американско државјанство.

Но, во последните десет години таа живеела во Индија и била во брак со маж од јужната индиска држава Тамил Наду.

Во меѓувреме, против него полицијата отвори кривична постапка за обид за убиство и ограничување на личната слобода, пренесува Кликс.

 

Loading...