Прашање на време е кога Иран ќе го нападне Израел

Сподели со своите пријатели

Прашањето за почетокот на иранската одмазда против Израел за атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран е само прашање на време.

Loading...

Така барем тврдат американските извори кои го предупредија Тел Авив да се подготви за такво сценарио.

Иранците тврдат дека не сакаат ескалација на тензиите во регионот на Блискиот Исток, но велат и дека Израел треба да биде казнет за да се спречи натамошна нестабилност.

Според портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, Иран настојува да воспостави стабилност во регионот, но тоа може да се постигне „само со казнување“ на агресорот – Израел – и затоа одговорот на Техеран е неизбежен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел бара Хутите да бидат прогласени за терористи

Портпаролот ги повика САД да престанат да го поддржуваат Израел, наведувајќи дека меѓународната заедница не ја исполнила својата должност за одржување на стабилноста во регионот на Блискиот Исток и затоа треба да го поддржи казнувањето на „агресорот“.

Командантот на корпусот на иранската револуционерна гарда, Хосеин Салами, вчера ја повтори заканата дека Израел „ќе биде казнет во догледно време“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен им рекол на колегите од земјите членки на Г7 дека Вашингтон верува дека нападот на Иран врз Израел може да започне многу брзо, објави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Блинкен разговараше со своите колеги од Г7 поради напорите на САД за деескалација на тензиите во регионот на Блискиот Исток и спречување на избувнување на поширок конфликт.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешни израелски агенти за пејџер експлозиите во Либан: „Не знаеја дека ги купуваат од нас“

Со оглед на тоа што САД веруваат дека иранскиот напад врз Израел е неизбежен по убиството на највисоките функционери од либанската милитантна група Хезболах и палестинската милитантна група Хамас минатата недела, Блинкен им рекол на претставниците на Г7 во телефонски разговор дека притисокот врз Техеран да го ограничи нападот е најдобар начин да се избегне регионална војна.

Израел се подготвува за потенцијален повеќедневен напад од Иран и неговиот сојузник, изјави неименуван израелски функционер.

Тој изјави за NBC News дека Израел стравува дека „брановите“ од ракети и беспилотни летала може да бидат истрелани во текот на неколку дена како одговор на убиството на Ханије и командантот на Хезболах, Фуад Шукр.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел бара Хутите да бидат прогласени за терористи

„Ќе се обидат да не истрошат“, рече функционерот.

Тој додаде дека израелските преговарачи биле во Каиро во саботата за да ги продолжат преговорите, но оти си заминале „без да постигнат никаков напредок“.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич вели дека меѓународната заедница нема да дозволи два милиони Палестинци во Појасот Газа да умрат од глад, иако, како што наведе, тоа „може да биде оправдано и морално“ додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи Хамас.

Смотрич рече дека Израел дозволува испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа бидејќи, како што наведе, „нема избор“ поради фактот што меѓународната заедница не дозволува блокирање на хуманитарната помош за Газа, објави „Тајмс оф Израел“. .