Неделна прогноза за Куманово: Продолжува топлото време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност, а во планинските подрачја со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна ќе достигне 30 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се реконструира улицата „Моша Пијаде“, граѓаните можат да дадат свое мислење

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме исто така сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 30 степени целзиусови.

Сончево и многу топло време ќе имаме и во среда, кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 35 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тргнува возот од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута!

 

Loading...

 

Петок носи сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16 степен, додека максималната дневна ќе се искачи до 35 степени целзиусови.

И во сабота ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен североисточен ветер, а температурата ќе биде во интервал од 16 до 35 степени целизусови.

Сончево и многу топло време ќе имаме и во недела. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и свероисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна ќе достигне 36 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 40-годишен кумановец. Полицијата му пронашла грутчеста материја!

 

 

Следната недела се очекува да се задржат високите температури кои ќе надминат и 37 степени.

Loading...

Никола Ивановски