Зеленски наведе три фактори за завршување на војната

Сподели со своите пријатели

Трпението, поддршката за Украина и дипломатскиот притисок врз Русија се три фактори за праведен крај на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за јапонската телевизија NHK.

Loading...

„Трпение, поддршка (на Украина) и дипломатски притисок (кон Русија) – ова се три фактори за праведен крај на војната. Ако САД и европските земји го задржат единството, тоа ќе биде дополнителен притисок и ќе и покаже на Москва дека нема шанси “, рече Зеленски.

Тој посочи дека не може да одговори на повиците за прекин на огнот додека Русија продолжува да ја окупира територијата на Украина.

Зеленски истакна дека Киев ќе започне детални преговори со релевантните земји за територијалниот интегритет и други прашања и најави дека ќе развијат акциски план за постигнување мир до крајот на ноември, пренесува Укринформ.