Руски и кинески авиони патролираа заедно над Тихиот Океан

Сподели со своите пријатели

Руски и кинески авиони извршиле заеднички воздушни патроли, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, наведувајќи дека заедничкиот лет траел повеќе од пет часа.

Loading...

Во вежбата обезбедена од руските ловци Су-30СМ и Су-35С, учествуваа стратешките носачи на ракети Ту-95МС на руските воздушни сили и кинеските стратешки бомбардери Х6-К, кои вршеа воздушни патроли над водите на Чукчиското и Беринговото море и северниот дел на Тихиот Океан, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Според соопштението, руските воздушни сили и кинеското воздухопловство не го нарушиле воздушниот простор на странските земји.

„Во некои фази од рутата, воздушната група беше придружувана од ловци од странски земји, а авионите на двете земји постапуваа строго во согласност со одредбите на меѓународното право“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија воведе нови санкции кон Русија насочени кон 12 поединци и 33 организации

Вежбата се одржа како дел од спроведувањето на планот за воена соработка меѓу Кина и Русија за 2024 година и не беше насочена против трети земји, нагласи руското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.