На 4 мај 1980 година Тито почина во болница во Љубљана, а на неговиот погреб присуствуваа над 200 највисоки државници и познати личности од 127 земји. Од светот поделен со Студената војна дојдоа државници од двата блока. На погребот имаше околу 700.000 луѓе, со што тој е еден од најпосетените погреби на некој државник во 20 век.
Loading...
Во тој момент беа прекинати сите случувања во земјата, а животот накратко сопре. Милиони плачеа, а снимките од луѓето како тагуваат го обиколија светот.
Точниот датум на неговото раѓање не се знае, но за негов роденден се смета 25 мај 1892 година, кој во поранешна Југославија се славеше како Ден на младоста. Роден е во Хрватска, во Кумровец. Учествувал во Првата светска војна, а ранет е и заробен во 1915 година во Русија. Во неговата биографија се истакнува дека таму учествувал во Октомвриската револуција.
Неговата смрт историчарите ја сметаат за почеток на крајот на Југославија.