Пентагон: САД мора да инвестираат повеќе на Арктикот за да бидат во чекор со Русија и Кина

Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за одбрана мора да инвестира повеќе во надградба на сензори и вселенска технологија на Арктикот за да биде во чекор со зголеменото присуство на Кина и Русија таму, вклучително и заеднички воени вежби, соопшти Пентагон.

Loading...

Заменик-секретарот за одбрана Кетлин Хикс рече дека ова е „критично време“ за Арктикот и дека „климатските промени, противниците и влошената американска инфраструктура“ го принудуваат Министерството да размисли повторно како да го зачува Арктикот безбеден, пренесува АП.

Арктичката стратегија во голема мера бара поголеми трошоци за високотехнолошки сензорски и радарски системи, низа воена опрема и континуирани инвестиции во вселенската база „Питуфик“, базата на американските вселенски сили во северозападниот дел на Гренланд, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун надгледуваше вежби со симулација на нуклеарен контранапад против Сеул и Вашингтон

Водачите на Министерството за одбрана повеќе од една деценија предупредуваат дека САД треба да ги засилат своите активности на Арктикот за да го задржат чекорот со Кина и Русија бидејќи климатските промени го прават студениот регион попристапен.

Сепак, Арктикот со себе носи голем број предизвици, пренесува АП, вклучувајќи барања за пристаништа, оружје, беспилотни летала и опрема што може да ја издржат климата, како и дополнителни бродови кои можат да се справат со студени води и да го пробијат мразот.

Студеното време ја ограничува и воената обука и влијае на опремата.

А регионот, кој има ограничено сателитско покривање, бара многу поширок спектар на сензори за комуникација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна авион во Чиле. Шестмина загинати!

Кина ја зголеми сопствената активност во регионот, вклучувајќи ги и нејзините три брода-кршачи на мраз кои вршат цивилно-воени истражувања во регионот.

Loading...

Русија, која има најголема арктичка територија, вклучително и важни стратешки нуклеарни капацитети, како што се силите за балистички ракети.