Најголемиот дел од богатите Швајцарци го наследиле своето богатство

Сподели со своите пријатели

Мнозинството од богатите Швајцарци го наследиле своето богатство, а само малцинство се збогатило независно, покажува најновата студија.

Loading...

Само осум проценти од 300-те најбогати Швајцарци сами го заработиле своето богатство, покажуваат податоците од неодамна објавената студија на Швајцарскиот институт за економски истражувања (KOF), пренесува Swissinfo.

Осум од десет богати Швајцарци го наследиле своето богатство, според истражувањето објавено од весникот Sontagskeitung.

Меѓу најбогатите, 90 отсто од нив се мажи, а учеството на жените се намалува.

Друго истражување вели дека има голема разлика во висината на наследствата, па така три четвртини од наследниците добиваат не повеќе од 100.000 швајцарски франци, додека само 1,5 отсто од нив наследуваат повеќе од еден милион франци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Независниот кандидат Калин Георгеску најверојатно новиот претседател на Романија